Seminarski i Diplomski Rad

Morfologija (Makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 11 | Nivo: Pedagoški Fakultet

ВОВЕД:
Се определив да ја работам темата„Морфологија“
од причини што ме интересира проучувањето на формите на зборовите,правилата за нивното градење и нивните граматички значења.Значи делот од науката за јазикот што ги проучува формите на зборовите,правилата за нивното градење и нивните граматички значења се нарекува морфологија. Тоа е сложен збор од грчко потекло кој можеме да го преведеме како наука за формата.Оваа наука се интересира за градбата на зборовите,како и за нивните општи ,апстрактни значења според кои се обединуваат во групи.
Од лектирата зa V одделение„Големи и мали“-од Бошко Смаќоски,од приказната која е напишана во неа ќе направам морфолошка анализа,ќе ги пронајдам зборовните групи: именките,придавките, броевите, заменките, глаголите, прилозите, предлозите, сврзниците честичките, извиците. А потоа ќе видиме што е повеќе застапено и какви видови форми,зборовни групи се застапени во приказнит на нашиот писател Бошко Смаќоски.
Именки(супстантиви)
Именките се зборови со кои се означуваат суштества, предмети,појави и поими.По традиција именките се делат на општи и сопствени.Именувањето на суштествата, предметите и појавите со заеднички општи карактеристики се врши со општите именки,а тие може да се поделат на збирни и материјални.Именувањето на единечни предмети или суштества се врши со сопствените именки,а тие пак се делат на: лични-персонални, географски, временски, институции, празници,објекти од различен вид,имиња на уметнички дела.Именките можат да се разликуваат во однос на можноста/неможноста за допир и според тоа се делат на конкретни кои именуваат материјални предмети и суштества,и апстрактни именки кои именуваат нешто што не може да се допре.
Граматички категории на именките:род,број,и определеност
Родот може да биде машки,женски и среден.
Бројот може да биде еднина и множина-обична множина,избројана мнозина и збирна множина.
Определеност на именките-се содржи во начинот и во средствата за изразување.со членувањето се изразува определеност,а со нечленувањето се изразува неопределеност на именките.
Придавки(Адјективи)
Придавките именуваат некаква карактеристика на предметите, суштествата и појавите,и најчесто се врзуваат со именките.Ознаките за родот,бројот и определеноста / неопределеноста придавките ги добиваат од именките. Придавките се делат на четири основни групи: описни,односни,бројни и заменски.
Описните придавки одговараат на прашањето каков е некој или нешто,со нив се опишуваат предметите и појавите.Само описните можат да се степенуваат,и се делат: по димензии,по вкус,по боја, по физички и хемиски својства,по карактеристики на личноста.
Односните придавки тука спаѓаат материјалните-потекло и припадност-присвојните придавки.
Бројните придавки се образуваат од броеви,редни или умножени.
Заменските придавки можат да бидат присвојни, количествени, квалитативни, прашални, општи и неопределени.
Броеви
Броевите се зборови со кои се означува количество.Тоа количество може да биде избројано или приближно и врз основа на ова се разликуваат броеви за определена и за приближна бројност.По состав броевите се делат на прости и сложени.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!